Водостоите на реките низ земјата се во постепено намалување и таквиот тренд се очекува да продолжи во текот на денот. Зголемување има само на две места на Вардар и на Црна Река.
Според мерните станици на УХМР од просекот за декември, за трипати е зголемен Вардар кај Велес каде водостојот изнесува 216 сантиметри, кај Демир Капија е за 30 сантиметри повеќе од вчера, односно 256, а двојно од просекот згоемена е Црна река во Новаци каде нивото изнесува 206 см.
Кај езерата минимално зголемување има кај Дојранското Езеро, додека Охридското и Преспанското Езеро се околу просекот.