Вардар ќе одигра седум пријателски натпревари во Турција

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на 16 јануари заминува на зимски подготовки во Аланија, каде што ќе одигра четири натпревари.

Противници на „црвено-црните“ во турскиот град ќе бидат Иртиш од Казахстан на 19 јануари, Сумгаит од Азербејџан три дена подоцна, Александрија од Украина на 28 јануари и Черно Море од Бугарија на 2 февруари.

Предвидено е одигрување на уште три контролни натпревари на 26 и 30 јануари, и на 3 февруари, а противниците ќе бидат дополнително објавени, соопштено е на клупскиот сајт на „ФК Вардар“.