Вардар минимално поразен на гости кај Зенит

Македонскиот фудбалски шампион Вардар во четвртокот во Санкт Петербург во петтото коло од групната фаза на Лига Европа се претстави во поинакво издание од претходните натпревари иако забележа уште еден пораз од рускиот претставник Зенит со 1:2, а Блажевски постигна извонредно ефектен погодок.

За разлика од претходните дуели во најмасовното континентално натпреварување Вардар против фаворизираниот Зенит, прикажа многу позрела и похрабра игра. Во полза секако му беше и тоа што домаќинот настапи со измешан состав, но тоа не ја намлува оцената за играта на „вардарци“, бидејќи станува збор за играчи од висока класа на рускиот клуб кој негува големи европски амбиции.

И овојпат пртовиниците на Вардар во раната фаза од мечот дојдоа во водство, откако во 16 минута Зенит поведе со гол на Полоз по убаво проигрување со петица од Дзјуба. Вардар во тие моменти се обидуваше да органзира напад, но таоа беа безопасни обиди кон противничкиот гол.

Во 26 минута Новак во казнениот простор го повлече за дрес Џуба, што беше санкционирано со удар од белата точка. Истиот играч го изведе и пеналот, но одлично одбрани Гачевски.

Пред крајот на првото полувреме по грешкат на Демири на средината од теренот, Зенит започна своја карактеристична акција која со одличен погодок ја заврши Ригони за удвојување на водство на рускиот тим од 2:0.

Во второто полувреме Вардар во најмала рака беше рамноправен противник и почесто ја префрлаше топката на противничката половина, а македонскиот претставник создаде и неколку одлични можност за гол, а во самиот финиш Блажевско ваквата игра ја заокружи со прекрасен погодок.

Џигаури имаше два одлични шута, но и во двата наврати голманот Лодигин успеа да одбрани. Неколку обиди имаше и Фелипе. Во судиското продолжение по нафрлување од корнер, Блажевски со прекрасен волеј ј апогоди „малата мрежа“ од голот на Зенит за убалжување на поразот.

Последниот натпревар Вардар во Лига Европа го игра на 7-ми декември на арената „Филип Втори“ против Розенборг.