Вардар мора да го победи Динамо (Минск) за пласман во Топ 16

Македонскиот ракометен шампион Вардар денеска (18.00 ч) во СЦ Борис Трајковски го игра најважниот натпревар во Лигата на шампионите. Вардарци во рамките на 8 . коло од Ц – група во Лигата на шампионите го пречекуваат тимот на Динамо (Минск), а со победа ќе го заверат пласманот во Топ 16 фазата.

“Ова е решавачки натпревар за нашата екипа. Едноставно мора да го добиеме, и нема многу простор за импровизации.  Мораме максимално подготвени да влеземе во него, за да победиме и да обедбедиме место во следната фаза. Тие се навистина добра екипа, особено со ангажирањето на Словенецот Мачковшек, кој многу ја засили играта од надворешните позиции, што досега им беше послаба страна. Со неговото доаѓање, екипата на Динамо Минск е многу посилна, и сигурен сум дека и нивната цел е да го добијат овој натпревар. Во врска со повредите, тоа не се случува само сега, туку и во текот на целата сезона, но со тоа се соочуваат и други екипи. Ние треба секогаш да бидеме подготвени, и да се носиме со такви ситуации. Во тој поглед, состојбата со некои ракометари е подобра, со некои не. Карачиќ, Прибак и Лазаров ќе бидат во составот, иако сеуште не се максимално подготвени, но верувам дека целата екипа ќе го изнесе товарот, и ќе излезе како победник“, изјави тренерот на црвено – црните Раул Гонзалез Гутиерез.