Македонскиот ракометен шампион Вардар со победа го заврши регуларниот дел од Регионалната СЕХА – лига.
Вардарци на домашен терен го совладаа хрватскиот шампион Загреб со 33:24.
Двете екипи кои ќе претендираат за трофејот во СЕХА-лигата одиграа меч без резултатско значење, меѓутоа покажаа квалитет, иако штедеа дел од силите за дуелите на фајнлфор турнирот во Нови Сад.
Вардар на овој натпревар настапи без својот најдобар стрелец во ова натпреварување Тимур Дибиров.
По првите 30 минути, Вардар обезбеди три гола предност, но во вториот дел додаде гас и во 52.минута стигна до најголемотоводствоод 11 голови(28:17).
Оваа разлика беше доволна да влезе во мирна завршница и освојување на нови бодови.
Најефикасен во победничкиот тим беше Игор Карачиќ со шест голови.