![vardar-4](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/vardar-4.jpg?resize=696%2C365&ssl=1)
Актуелниот ракометен шампион на Македонија Вардар, сосема очекувано со убедливи 32:20 го декласираше составот на Еурофарм Пелистер 2 и на тој начин „црвено-црните“ му се одмаздија на ривалот за поразот во првиот круг од натпреварувањето, кој е единствен на „вардарци“ во досегашниот дел од сезоната.
Дибиров беше најефикасен во победничкиот тим со седум гола, по четири постигнаа Моралес и Оливие Нијокас, додека по четири погодоци за Еурофарм Пелистере 2 реализираа Петровиќ и Арсеновски.