Вардар му се реваншираше на Татран Прешов

Ракометарите на Вардар забележаа важна победа на гостувањето кај Татран Прешов, совладувајќи го со 29:27 во рамките на СЕХА-лигата. Вардарци со оваа победа му се реваншираа на словачкиот тим за поразот на домашен терен на првиот натпревар во ова натпреварување.

Македонскиот шампион победата ја обезбеди во последните десет минути кога направи три гола предност 23:20. Тимур Дибиров беше најефикасен кај Вардар со десет постигнати гола, додека Кристопанс постигна осум погодоци за Татран Прешов.

На овој натпревар одлично се претстави и голманот Петар Ангелов, кој во второто полувреме имаше десет одбрани.

Вардар моментално е на третата позиција на табелата со 28 бодови, зад Загреб со 34 и Татран со 33 бодови. На четвртото место е Мешков (Брест) со 27, а на петтата позиција е вториот македонски претставник Металург со 25 бодови.