Ракометна Европа ќе добие нов првак во недела, откако македонскиот ракометен првак Вардар не успеа да го повтори минатогодишниот успех во Лигата на шампионите и беше минимално совладат од францискиот Монпелје со 27:28.
Бранителите на европскиот трон беа поразени во полуфиналето на Ф4 турнирот, откако во текот на целиот натпревар имаа само едно водство во раниот период од дуелот.
Еден од клучните моменти и затајувањето на голманскиот тандем на Вардар, кој собра вкупно остварија само пет одбрани и овозможија во недела француско финале.
Повредата на Штербик на стартот од второто полувреме претставуваше доплнителен проблем за „црвено-црните“ кои не најдоа решение за најефикасниот на натпреварот Порт кој имаше осум погодоци.
Македонија сепак во финалето ќе има претставник, со настапот на Кирил Лазаров кој со Нант ќе се обиде да дојде до титулата. Тимот на Лазаров претходно го совлада фаворитот за титулата ПСЖ, а македонскиот капитен на тој меч стана најефикасниот играч во финалните турнири.