
Македонскиот фудбалски шампион Вардар го доби кипарски АПОЕЛ за противник во второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите, по денешната ждрепка во Нион.
Црвено-црните повторно немаа среќа во ждрепката и од можните пет противници го добија најтешкиот, кипарскиот првак, кој неколкупати играше во Лигата на шампионите, а дебито во најелитното натпреварување го имаше со актуелниот вардаров стопер Бобан Грнчаров.
Првите мечеви според распоредот се играат на 14 и 15 јули, а реваншите седум дена подоцна на 21 и 22 јули.