Победоносниот гол го постигна Лука Циндриќ. Во финалето утре Вардар ќе се судри со ПСЖ, кој денеска славеше над Веспрем.
Големата Барселона е на колена пред Вардар. Македонскиот шампион со гол во последната секунда славеше над барселона со 26:25 и обезбеди пласман во финалето.
Победоносниот гол го постигна Лука Циндриќ. Најефикасни играчи во нашиот тим беа Иван Чупиќ и Алекс Душебаев со по седум голови.
Утрешното финале меѓу Вардар и ПСЖ е со почеток од 18 часот.