Вардар остана без лиценца за европските натпреварувања

Комисијата за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија, по комплетирањето на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2020/21 не му додели лиценца на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.

Лиценца за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 добија: Академија Пандев, Македонија ЃП, Работнички, Ренова, Силекс, Шкендија и Шкупи.

Освен Вардар лиценца не им е издадена и на Брегалница, Борец и Струга ТримЛум