Еден од најголемите фаворити за трофејот оваа година Вардар му гостува на тимот на Кожуф во Гевгелија. “Црвено-црните” кикснаа на стартот на шампионатот играјќи реми 2:2 на домашен терен против Шкупи, па затоа не смеат да си дозволат уште еден натпревар без победа на стартот на фудбалската сезона. Актуелниот шампион на Македонија е апсолутен фаворит за пласман во следната рунда, но Кожуф сигурно нема лесно да се предаде. Вардар е секогаш мотив плус за противниците, а со оглед на фактот дека гевгеличани традиционално негуваат убав фудбал за око, тогаш се очекува интересна фудбалска претстава.
Шкендија за противник го доби третолигашот Зајази, па тетовци не би требало да имаат поголеми проблеми да ја минат првата рунда. Актуелниот освојувач на Куп-трофејот Работнички својот натпревар го игра утре против Фортуна, бидејќи во понеделникот играше против Брегалница во првенството.
Влазрими без игра е првиот осминафиналист, откако Дрита се откажа од Купот во минатата недела, па денеска на програмата се 12 мечеви, а утре уште три од првата рунда во најмасовното натпреварување.
1/16-финале Куп на Македонија
Денеска, 17.30 часот
Еуромилк – Ренова
Вулкан – Македонија Ѓ.П.
Превалец – Силекс
Лирија – Хоризонт Турново
Зајази – Шкендија
Беласица – Скопје
Љубанци – Тетекс
Победа – Младост
Кожуф – Вардар
Поешево – Гостивар
Малеш – Металург
Љуботен – Шкупи
Утре, 17.30 часот
Фортуна – Работнички
11 Октомври – Пелистер
Плачковица – Брегалница