Вардар подобар во дербито со Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Вардар славеа на вечното дерби со Еурофарм Пелистер со резултат 30:25, уште еднаш покажувајќи дека „црвено-црните“ и со сериозно променет и подмладен ростер се подготвени да атакуваат на трофеи.

Ако Суперкупот во Струмица беше израмнет во подолги периоди, денешниот меч мина во апсолутна доминација на „вардарци“, кои водеа од почеток до крај и апсолутно ја заслужија победата.

Томовски беше извонреден со 13 успешни интервенции, Милан Лазаревски одигра уште еден одличен меч против Пелистер постигнувајќи шест гола, исто толку реализираше и Срдановиќ, по пет погодоци постигнаа Петриќ о Николиќ, а четири Јасихура.

Кај Еурофарм Пелистер, најефикасни во денешниот пораз беа Борзаш со шест и Кузманоски и Костески со по пет погодоци.