Македонскиот ракометен шампион Вардар доживеа пораз во СЦ „Јане Сандански“ со 26:30 (9:13) од Барселона во рамките на седмото коло на ракометната Лига на шампиони.
За тимот на Гарсија Парондо ова е втор пораз сезонава во елитното натпреварување, прв на домашен терен. Пред преполни трибини и одлична атмосфера, „црвено-црните“ одиграа натпревар во подредена улога и поразот беше неизбежен. Барселона уште на стартот изгради предност која домаќините ја бркаа во текот на целиот меч, а на крајот на семафорот покажуваше плус 4 за тимот од Шпанија.
Кај Вардар, Дибиров со шест постигнати погодоци беше најефикасен, а го следеа Кристопанс со 5 и Чупиќ со четири, додека Дика Мем постигна осум за победниците, а голманот Перез де Варгас имапе 12 одбрани и еден седмерец.
Со денешната победа Каталонците се пробија на првата позиција во групата, додека Вардар сега со учинок од пет победи и два порази се наоѓа на четвртото место.
Македонскиот тим наредниот викенд ги очекува нов дуел со Барселона, овојпат на гостински терен.