![5084_1645217516](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/5084_1645217516-1.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
Македонскиот ракометен шампион Вардар го забележа вториот пораз во регионалното СЕХА натпреварување откако загуби и на гостувањето кај Нексе со 25:28.
Хрватскиот вицешампион од Нашице во преполната сала „Крал Томислав“ многу подобро го отвори натпреварот и го искористи заморот кај ракометарите на Вардар по гостинската победа во Лигата на шампионите во Франција, па диктираше темпо уште од самиот старт.
Халил Јагањац одигра одличен натпревар и заврши како најефикасен стрелец во победничкиот табор со седум гола, додека Вејин застана на шест.
Кај вардарци најефикасен беше Куни Моралес кој исто така постигна седум погодоци.