Реката Вардар наместа возводно и низводно од Јегуновце повторно е излеана. Најновите хидролошки мерења покажуваат дека нивото на Вардар во овој дел е зголемен.
Зголемување на водостојот е забележан скоро кај сите реки во државата.
По обилните врнежи на дожд и топење на снежните покривки по планините на повеќе места во средата се излеа реките Вардар, Треска и Црна река. Излевање има на повеќе места по течението на реката Вардар во центарот на Скопје, мостовите кај Јурумлери и во Аеродром како и на местата викани Вител, Чука, Средоред во општина Зелениково.
На повеќе други места низ државата се поплавени земјоделски површини. Сепак, најпогоден е северозападниот дел на државата односно тетовскиот регион. Од УМХР има најави за нови врнежи во следните денови и пораст на температурата што ќе придонесе за топење на снежните покривки, со што се зголемува опасноста од нови поплави.
Општината Маврово и Ростуше е загрозена поради делумно свлечиште, каде земјиштето е започнато да се лизга и постои вистинска опасност од катастрофа.
Општината Јегуновце пак е проголтана од реката Вардар, а најпогодени се селата Раотинце, Сиричино, Туденце и Копанце. Целата земјоделска површина е поплавена, а вода има и во домовите и во дворовите како и јавните површини.
Во изјава градоначалникот на Општина Јегуновце, Дарко Блажевски вели дека се обратил до државните институции, со цел пронаоѓање на решение. Велеа дека се работи на проект за регулација на Вардар, од Сирично до Раотинце, но на терен не е преземено ништо, вели тој.