Вардар продолжува да “гази” во ЛШ – совладан Кристијанштад на гости

Вардар продолжува да "гази" во ЛШ

По Монпелје и Пик Сегед, пред “црвено-црните” падна и Кристијанштад, и тоа среде Шведска со резултат 25:30.

Тоскиќ и Дибиров со по седум гола беа најефикасни во таборот на Вардар, пред Македа со пет и Душебајев и Шишкарев со по три погодоци. На голот повторно неприкосновен беше Арпад Штербик, со 19 успешни интервенции.

Вардар следниот европски предизвик ќе го има следната сабота, кога во Скопје ќе го пречекаат германскиот вицепрвак Некар Ловен.