
Ракометарите на Вардар и Металург ги добија противниците за 1/8 финалето во Лигата на шампионите
Црвено – црните немаа многу среќа при ждрепката во седиштето на ЕХФ во Виена и за противник го добија го добија бранителот на титулата Хамбург.
Вториот македонски претставник во Лигата на шампионите, Металург за противник во 1/ 8 финалето го доби данскиот Колдинг. Првиот натпревар македонскиот шампион и вицешампион ќе го играат на домашен терен во последната недела од месец март.
Осминафинални двојки: Мото Запорожја – Кил, Алборг – Барселона, Вардар – Хамбург, Висла Плок – Веспрем, Горење – ПСЖ, Целје – Фленсбург, Металург – Колдинг и Киелце – Р.Н. Ловен.