Вардар против ППД Загреб ја продолжи серијата победи во ЛШ

Европскиот ракометен шамшион Вардар ја продолжи пред своите навивачи во неделата победничката низа и стопроцентниот ефект, откако во третото коло во групата А на Лигата на шампионите, со совлада ППД Загреб со 28:21 (13:10).

Ова е осма победа по ред за РК Вардар во Лигата на шампионите, што е уште едно клупско најдобро остварување досега во најелитното континентално натпреварување.

Ракометарите на Вардар влегоа незаинтересирано во натрпеварот што го искористија нималку наивните хрватски ракометари кои веќе во 4-та минута имаа предност од три гола разлика. Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез беше принуден да бара тајм-аут на кој ги дисциплинираше своите играчи и да побара поголем концентрација на теренот. По тоа на европскиот шампион му беа потребни десетина минути преку Кањељас да го преземе водството од 5:4.

За ваквиот резултат придонесе и Арпад Штербик кој во првото полувреме забележа вкупно шест одбрани, од што пет во првите десет минути, токму во периодот кога Вардар се обидуваше да ја стаса предноста на гостите. Така, во вториот дел од првото полувреме и покрај проблемите во нападот поради добрата одбрана на загрепчани, ,Вардар усепа да дојде до почувствителна предност од четири голови (13:9), а на одмор сепак се отиде со резултатот 13:10.

Почетокот на второто полувреме донесе цврста игра во одбраната на Вардар што придонесе Загред дури 11 минути да остане без погодок, а Вардар трипати за пет минути реализираше за највисоката предност дотогаш од 16:10. Потоа следуваше период на игра на нерви, промашувања и добра одбрана и шест минути ниту еден тим не постигна гол. Загрепчани беа прецизни, но исто така и Вардар за ново водство 17:12. Во 50-та минута Вардар дојде до највисокота предност од седум голови (21:14), којашто ја одржа до конечните 28:21.

Вардар до победата го предводеа Хорхе Македа и Вуко Борозан со по четири голови, додека Штербик забележа 13 одбрани.

Кај ППД Загреб најефикасен, воедно и на натпреварот, беше Стипе Мандалиниќ со девет голови, а Лука Мраковчиќ постигна три, додека Урх Кастелиц имаше 11 одбрани.

о следното коло Вардар гостува во Унгарија кај ПИК Сегед во лигата на шампионите.