Серијата победи на Вардар во сите ракометни натпреварувања од стартот на сезонава беше е прекината во саботата на гостувањето кај унгарски ПИК Сегед откако актуелниот европски првак одигра 26:26 во меч во кој противникот во последната минута од мечот влезе со два гола предност, но Тимур Дибиров на десетина секунди пред крајот промаши ткн зицер за победа и продолжување на победоносната седија.
Имајќи предвив дека Пик Сегед е квалитетен и амбициозен противник, како и дека во редовите на Вардар имаше малку расположени играчи, се чини дека ремито е добар резултат, и покрај големото промашување на Диборов за освојување на целиот плен.
Првото полувреме мина во израмнета игра во која голманите го имаа главниот збор, Штербик имаше девет одбрани, наспроти седум на Сиера на голот на домаќините. Двата тима на самиот почеток се менуваа во предност, Вардар првпат поведе во 7 минута преку Кристопанс со 3:2, за потоа Пик Сегед повторно да го сврти резултатот во своја полза. Унгарскиот вицепрвак во неколку наврати водеше со по два гола, за посериозно да се одлепи на четири минути до крајот, поведувајќи со 13:10. Но тогаш Вардар влезе во серија и за помалку од три минути израмни на 13:13, а притоа не реализираше и два напада за преземање на водството. Во против нападот играчите на Пок Сегед реализираа со што на одмор заминаа со гол предност 14:13.
И второто полувреме започна во знакот на голманите. Сиера со две одлични интервенции, од кои одбранет пенал на Чупиќ, не дозволи Вардар во 35 минута да поведе. Тогаш Пик Сегед влезе во серија, па со двата гола на словенечкиот пикер Габер поведе со 18:16, по што Раул Гонзалес побара тајмаут. Веднаш по тајмаутот Сиера му одбрани зицер на Циндриќ, па домаќините дојдоа и до 19:16, но Вардар ја покажа својата моќ израмнувајќи на 19:19.
Бунтиќ погоди двапати во краток период, а потоа Чупиќ промаши уште еден седмерец, па Пик Сегед влезе во последните осум минути со предност од 23:21. Но Штербик со две одбрани ги врати „црвено-црните“ во игра. Вардар имаше напад за израмнување при 25:24 на три минути до крајот, но Борозан го промаши додавањето до Стоилов, по што Бунтиќ погоди од полуконтра за водство на ПИК Сегед од 26:24.
Борозан имаше многу среќа откако по уште едно лошо додавање топката му се врати в раце, па Црногорецот стрелаше за 26:25 на помалку од 90 секунди до крајот. Одбраната одговори на предизвикот, па следеше гол од контранапад на Македа, за израмнети 26:26 на една минута до крајот. Дибиров ја имаше меч-топката во свои раце откако Вардар тргна во контра за победа, но шутираше над гредата. За среќа на Вардар последниот удар на домашните ракометари, исто така, беше непрецизен, па овој меч заврши со израмнети 26:26, со што е прекината серијата победи на „вардарци“ што траеше од самиот почеток на оваа сезона во сите натпреварувања.
Борозан со осум и Циндриќ со седум гола беа најефикасни кај Вардар, заедно со одличниот Штербик на голот, додека прв стрелец на Сегед беше Бунтиќ со пет погодоци.