Вардар се поблиску до Втората лига, Шкендија убедлива против Работнички

Фудбалерите на Вардар загубија од Борец со 2:0 во рамки на 30. Коло во првата фудбалска лига и дополниелно ги намалија шансите за опстанок.

Фудбалерите на скопски Вардар загубија од велешки Борец со 2-0 во рамките на 30.коло во ПМФЛ и дополнително си ги наламија шансите за опстанок во лигата,

Вардарци на три кола до крајот на сезоната се наоѓаат на претпоследното 11 место на табелата со 31 бод, еден помалку од Ренова која е на десетта, позиција која носи во баражот за опстанок.

Но „гипсарите“ во наредното коло ја пречекуваат веќе отпишаната Беласица, додека Вардар игра против Работнички.

На денешниот натпревар, Борец славеше против Вардар со головите на Мишов во 15. минута и на Адили во 81. минута.

Ренова одигра 1:1 на гостувањето кај Ададемија Пандев која поведе со голот на Миловановиќ во првото полувреме.

Реновадо израмнување дојде на стартот од вториот дел преку Селмани.

Сега веќе новиот шампион Шкендија го одигра најефикасниот натпревар славејќи со 3:5 на гостувањето кај Работнички.

А. Пандев – Ренова 1:1
Беласица – Силекс 1:3
Борец – Вардар 2:0
Македонија ЃП – Пелистер 3:0
Работнички – Шкендија 3:5
Струга ТЛ – Шкупи 0:0

Табела: Шкендија 71, Шкупи 56, Македонија ЃП 51, Струга ТЛ 48, Работнички 41, Пелистер 38, Борец 36, Силекс 35, Академија Пандев 35, Ренова 32, Вардар 31,Беласица 17.