Петкратниот шампион во СЕХА лигата, тимот на Вардар славеше во дербито на колото против Мотор Запорожје со 44:37, па со 6 победи е лидер во групата.
Тимур Дибиров имаше гол-шоу. Крилниот напаѓач на Вардар постигна 11 голови од 14 обиди, а заедно со Иван Чупиќ и Даниил Шишкарев заедно постигнаа 27 гола од вкупно 44 на тимот.
Вардар утре заминува за Полска каде во сабота повторно ги очекува важен и неизвесен натпревар во ЕХФ лигата на шампионите против Кјелце.
Грижа за тренерот на Вардар би можела да биде повредата на Кристијан Дисингер. Тој мораше да излезе уште во втората минута од натпреварот, откако се пожали на болки во зглобот на ногата и не се врати на теренот до крајот на мечот.