Вардар со победа стартуваше во СЕХА лигата

Одбраната на шампионската титула во СЕХА ГСС лигата, Вардар ја започна со победа од 21:26 (12:10) на гостувањето кај Војводина во Нови Сад, во првиот регионален меч сезонава. Избраниците на Раул Гонзалез во воведниот официјален меч понудија две различни лица, па по првото полувреме полно со осцилации, вистинскиот, шампионски сјај дојде во вторите триесет минути.

Првиот дел беше полн со технички грешки и низа апстиненции од погодок и за двата тима. Вардар имаше старт како што се посакува, со водство од 1:6 (13 мин.), но во продолжението стагнираше и дозволи серија од 5-0 на Војводина, за изедначување 6:6. Постот од скоро десет минути без погодок го прекина Марковиќ, по што следеше игра гол за гол, но домашните преку Орбовиќ и Живковиќ „врзаа“ два погодоци за прво водство од +2 (9:7). Иако Марковиќ и Шишкарев не вратија на 10:10, „вардарци“ со два гола негатива заминаа на паузата, 12:10.

Во второто полувреме Вардар влезе со сосем поинаков пристап, посериозна игра во одбраната и постабилен напад, и се покажаа во вистинскиот шампионски сјај. Војводина имаше водство од 13:10 (32 мин.), по што „црвено-црните“ превземаа комплетна контрола врз случувањата на теренот. Крилата Брумен и Дибиров донесоа изедначување 13:13, а со серија од 2-10 „вардарци“ дојдоа до највисокото водство дотогаш во мечот од +6 (14:20).

ВОЈВОДИНА – ВАРДАР 21:26 (12:10)

СЕХА ГССЛ

Војводина – Веспрем 19:32 (9:12)
Металург – Татран 34:28
Војводина – Вардар 21:26
БГК Мешков – Борац 31:27

ТАБЕЛА

1.Веспрем 1 1 0 0 32:19 3
2. Металург 1 1 0 0 34:28 3
3. Вардар 1 1 0 0 26:21 3
4. БГК Мешков 1 1 0 0 31:27 3
5. Загреб К.О. – – – – – –
6. Нексе – – – – – –
7. Раднички – – – – – –
8. Борац 1 0 0 1 27:31 0
9. Татран П. 1 0 0 1 28:34 0
10. Војводина 2 0 0 2 40:58 0