Македонскиот и европски првак Вардар со победа ја почна одбраната на европската титула откако вечерва во дуелот од првото коло ја победи Висла на гости со 26:22 (13:9).
Вардар добро го одигра првото полувреме и со дисциплинирана игра имаше контрола над резултатот и на полувреме имаше водство од 13:9. Но, „црвено-црните“ лошо го почнаа вториот дел и Висла предводена од голманот Мартин Вихари успеа да изедначи на 13:13. На спортивната страна се разбрани и Арпад Штебик, па Вардар во финишот влезе со предност 20:16 во 53 минута. До крајот на дуелот „вардарци“ успеаја да ја зачуваат предноста и да ја постигнат првата победа.
Најефикасни кај Вардар беа Вуко Борозан со 5 голови, Даинис Кристопанс, Карачиќ и Чупиќ постигнаа по 4, додека Арпад Штербик имаше 10 одбрани.
Во следното коло Вардар игра на домашен терен со Нант.