Ракометарите на Вардар со триумфот над ПСЖ, ја освоија европската круна и обезбедија место на Мундијалот за клубови, кој ќе се игра во Доха.
Покрај нашиот шампион, од Европа на Светското клупско првенство ќе настапи и германскиот Фуксе Берлин, кој е актуелен шампион. Дополнително ќе биде доделена и една вајлд карта, која најверојатно ќе ја добие европски клуб.
Фуксе Берлин во минатогодишното финале го совлада ПСЖ со 29-28. Клупскиот Мундијал ќе се игра од 25 до 28 август.