Вардар убедлив на гостувањето кај Спартак

Вардар славеше на гостувањето во Суботица кај Спартак со резултат 27:36. Најефикасни во редовите на “црвено-црните” беа Марсениќ со 7 и Лазаров со 6 голови.

Од истата група се одигра и дуелот помеѓу Борац и ПДП Загреб, кој заврши со убедлива победа на гостите од 21:35.

Табела:
Вардар 15 бодови, ППД Загреб 12, Веспрем 9, Мешков Брест 9, Татран Прешов 9, Нексе 9, Спартак 4, Војводина 2, Макс Струмица 2, Борац 1.