Вардар во инфаркт натпревар поразен од Будуќност

Ракометарките на Вардар СЦБТ ќе играат само за третото место во Лигата на шампионите, откако во второто полуфинале на фајнл форот во Будимпешта по продолжение загубија од црногорскиот шампион Будуќност со 22:20. Во регуларниот дел од натпреварот резултатот беше 16:16.

Вардарки многу лошо го одиграа првото полувреме во кое постигнаа само шест голови (6:11), додека во второто го покажаа своето вистинско лице и му дозволија на противникот да постигне само пет голови (16:16).

По првото продолжение ракометарките на Будуќност повторно се одлепија на три гола разлика (20:17), но “црвено – црните” не се предадоа. Во вторите пет минути од продолжението успаја да израмнат (20:20). Меѓутоа, не и да поведат, по што со два брзи гола Црногореките се изборија за финалето.

Будуќност во финалето ќе игра со бранителот на титулата Ѓер, кој во првото полуфинале имаше лесна задача над Митјиланд совладувајќи го со 29:26. На голот на Вардар белскаше Лејно со 14 одбрани, Пино и Лекиќ беа најефикасни во нападот со по шест голови.