Ракометарите на скопски Вардар и на вториот ден од Ф4 турнирот на Лигата на шампионите во Келн беа поразени од уште еден француски претставник, овојпат од ПСЖ со 28:29 освојувајќи го четвртото место на континентот.
На овој меч Вардар настапи без првиот голман Арпад Штербик, како и без столбот во одбраната Илија Абутовиќ. За Вардар ова е втор настап на Ф4 турнирот во Келн и веројатно последен во овој состав, а за ПСЖ трето по ред учество во завршницата од Лигата на шампионите. За Раул Гонзалес, пак, ова беше последен меч со Вардар пред неговата заминување токму на клупата на денешниот противник.
По почетното водство на ПСЖ, Вардар успеа да ја преземе иницијативата и минималната предност и по десет минути игра имаше предност од три гола (2:5). Ангажираната игра на Вардар во овој дел се одрази и на резултатот, па наскоро предноса беше „крената“ на „плус четири“ (3:7). Сепак, ПСЖ брзо возврати и ја намали разликата на 7:8. Следуваше изедначувањето на 10:10, а во последните пет минути од првата делница парижаните дојдоа и до предност од 12:11. Но Вардар го забави ритамот на играта и на одмор замина со минимална предност 15:14.
Ракометарите на досегашниот европски шампион Вардар сигурно го започнаа и вторното полувреме зголемувајќи ја предноста на „плус три“ 17:14, но следуваше серијата на ПСЖ од 4:1 и израмнување на 20:20. Нов пех за Вардар и се чини клучен момент на денешниот дуел се случи во 43 минута, кога неправедно беше досудено трето исклучување за расположениот Хорхе Македа. Но и со играч помалку Вардар успеа да поведе, а по неколкуте грешки на двете страни во последните пет минути се влезе најпрво со израмнување 24:24, но веднаш потоа и водство на ПСЖ од 25:24, но на две минути до крајот го зголемија водството на 28:26, кое на крајот гласеша конеч и 29:28.
Лука Циндриќ постигна седум, а Хорхе Македа без речиси 20 минути игра заврши со шест гола за Вардар. Кај ПСЖ ударна сила во нападот беше Недим Ремили со девет погодоци.
Новиот европски шампион ќе биде познат по финалето меѓу Нант – Монпелје со почеток во 18 часот.