Шампионот Вардар ја прекина серијата од четири победи во Првата лига, откако во неделата попладнето загуби на гостувањето кај Победа со 0:1.
Стрелец на голот за Победа вреден триумф над големиот фаворит беше Дарко Илиески во 77 минута.
Киксот на „црвено-црните“ го искористи лидерот Шкендија убедливо го совлада Шкупи и ја зголеми бодовната предност на врвот на табелата.
Резултати на натпреварите од 11-то коло во Првата македонска фудбалска лига:
Скопје – Академија Пандев 1:1, Победа – Вардар 1:0, Работнички – Пелистер 2:0,
Шкендија – Шкупи 4:1 и Силекс – Ренова 0:0.
Табела: Шкендија 28 бода, Вардар 19 (со два натпревара помалку), Академија Пандев 18 (натпревар помалку), Силекс 15, Пелистер 12, Шкупи 12, Победа 12, Ренова 11, Работнички 10 (натпревар помалку) и Скопје 6.