Ракометарите на Вардар во СЦ “Борис Трајковски” ги статуваа подготовките за новата сезона. Тренерот Раул Гонзалес имаше можност да ја види физичката подготвеност на неговите избраници, со кои во новата сезона ќе атакува на четири фронта: Лигата на шампионите, СЕХА лига, Суперлигата и Купот на Македонија.
На овој тренинг не присуствуваше единствено новото засилување на десната крилна позиција Данил Шишкарев, кој ова лето во екипата на Вардар пристигна од рускиот шампион Чеховски Медведи. Шишкарев се пожали на настинка, а Раул Гонзалес не сакаше да ризикува и поради тоа се реши да го ослободи од првиот собир.
Нашите ракометари до 31 јули ќе бидат во Скопје, каде што ќе имаат по два тренинзи во текот на денот, а потоа патуваат во Крањска Гора (Словенија), каде што ќе ги одржат првиот дел од подготовките, се до 9 август. По враќањето од Словенија ќе следат и првите проверки за сработеното, и тоа на традиционалниот “Струшки ракометен турнир”, кој што ќе се одржи во периодот од 13 до 16 август. Потоа подготовките продолжуваат во Скопје, по што следи настапот на “Кањижа куп” во Србија.