Ракометарите на Вардар попладнево во 18.50 часот ќе слетаа во Скопје. Град Скопје за ракометарите обезбеди чартер лет за кој од буџетот ќе бидат одвоени 39.500 евра.
Како што најави градоначалникот Петре Шилегов на Плоштадот Македонија ќе се организира дочек на ракометарите за што се одвоени 2 милиони денари, а ракометарите од Градот ќе бидат наградени со 6 милиони денари.
„Парадата на Гордоста започнува со Собирот пред салата Јане Сандански во 17:00ч. Од таму заедно се упатуваме кон Аеродромот Александар Велики со Дефиле од илјадници автомобили, мотори (Ноќни Волци), автобуси (организирани од ЈСП), велосипеди, тротинети на пречек на хероите. Од таму заедно во ГОЛЕМО ДЕФИЛЕ се упатуваме кон Плоштадот Македонија на голема Заедничка прослава…
Ја Повикуваме цела Црвено-Црна Армија и цел Македонски народ заедно да ја прославиме Втората Европска Титула но пред се да го почувствуваме на голема сцена тоа Шампионско срце кое не направи сите да се чувствуваме горди, со исполнети души и срца !!!
Оваа Парада на Гордоста воедно е и прослава на нашиот 32 Роденден !!!
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД ЈСП ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА ПРИСУСТВУВААТ НА ПРЕЧЕКОТ !!!“, објавија Комити Скопје.