Вардарки на овој дуел ќе атакуваат на победа со која ќе ги зголемат шансите за освојување на второто место во групата, а со тоа и полесен противник во четвртфиналето. Сепак, покрај победата на црвено-црните, за освојување на второто место услов е и триумф на екипата на ЦСМ Букурешт во дуелот со првопласираниот тим на Ѓер.
Натпреварот Савенхов – ЖРК Вардар ќе се игра вечерва од 19 часот, а е во рамките од 2-та група во која преостанатите две средби, ЦСМ Букурешт – Ѓер и Будуќност – Митјиланд ќе се играат в недела.
Во групата 1, за утре закажан е дуелот Ференцварош – Баја Маре, а ден подоцна ќе играат, Турингер – Ростов Дон и Флори – Ларвик.
Табела – група 1: Ростов Дон 17 бодови, Ларвик 10, Баја Маре 10, ФТЦ Ференцварош 10, Флери 6, Турингер 1.
Табела – група 2: Будуќност 13 бодови, Ѓер 13, ЖРК Вардар 12, Букурешт 9, Митјиланд 5, Савехоф 2.