Ракометарките на Вардар СЦБТ го освоија третото место на фајнлфорот во Лигата на шампионите, откако на турнирот во Будимпешта во малото финале го совладаа тимот наМитјиланд со 34:31 (14:12).
Избраничките на тренерката Индира Кастратовиќ, одлично го одиграа целиот нтпревар и во ниеден момент не им го предадоа водството на данските ракометарки. Македонскиот шампион најголемата предност ја направи во 44 минута кога поведоа со шест голови (23:17). Од овој момент веќе беше јасно дека Вардар СЦБТ ќе го освои третото место во Лигата на шампионите. Најефикасна во“црвено-црниот” тим беше Николиќ со 6 , додека Лекиќ и Радичевиќ по пет пати ја затресоа противничката мрежа.