Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји рече дека ЕУ е решена да и помогне на Србија да оствари брз напредок кон ЕУ и да го поддржи нејзиното економско закрепнување по кризата со ковид-19.
„Важен ден за Србија со парламентарни и локални избори. Нестрпливи сме да работиме со новата влада на реформите поврзани со ЕУ“, напиша Вархеји на Твитер, како реакција на парламентарните избори во неделата во Србија, на кои убедливо победи Српската напредна партија на сегашниот претседател Александар Вучиќ.