Западен Балкан природно припаѓа на Европа. Ова ни покажува која е вредноста на стабилноста во Западен Балкан и европските перспективи. Украинскиот претседател во ситуацијата во која се наоаѓа а која е невозможна, подава рака барајќи членство. Тоа покажува колку е значајно членството и зошто е толку важно да се продолжи со перспективите за членство, изјави еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји од Лондон, на Инвестицискиот Самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на кој присуствува и македонскиот премиер, Димитар Ковачевски.
Вархеји нагласи дека е голем поборник за Западен Балкан.
„За мене овој настан доаѓа во вистнско време, веднаш после смирување на пандемијата од Ковид, се гледаме овде во европската банка со цел да ја унапредиме соработката. Како партнери, за минатите или идните инвестиции во рамките на инвестициите предводени од ЕУ од 2009, овие рамки сега за сега имаат вредност од 8,3 млд евра и тоа е повеќе од 1/3 од кои беа зацртени“. вели Вархеји.