Вархеји: ЕУ подготвува економски план за развој на Западен Балкан

Европската унија подготвува економски план за развој на земјите од Западен Балкан што ќе биде претставен на Самитот ЕУ-Западен Балкан што треба да се одржи во Загреб во мај, соопшти еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Економскиот план е еден од трите чекори што ги презема Европската комисија во рамки на реформата на преговарачкиот процес, а кои треба да помогнат за ефиканска трансформација на општествата во земјите од регинот и да обезбедат конретни резултати.

Другите два чекора, покрај економскиот план, се однесуваат на измената на методологијата за проширување на ЕУ и отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

Вархеји, во пишан одговор на прашање од словенечката европратеничка Ирена Јовева за евопреспективите на регионот, вели дека ЕК усвои нова стратегија за проширување што ги опфаќа земјите од Западен Балкан со цел да се даде нов импулс во тој процес, правејќи го кредибибилен, динамичен и предвидлив, и давајќи му силен политички поттик. Тоа, вели Вархеји, доведе до позитивна одлука за старт на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија.

– Поддршката на земјите од Западен Балкан во исполнувањето на условите за членство во ЕУ останува приоритет на ЕК. Работиме на тоа да ги пообриме расположливите алатки за поддршка на тој процес. Конечно, напредокот на европскиот пат зависи од способноста на секоја земја кандидат да ги спроведе реформите и да покаже резултати со кои ќе докаже дека се исполнети условите кои и се поставени, истакнува евокомесарот Оливер Вархеји.