Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји денеска во салата „Борис Трајковски“ по предавањето на вакцините од ЕУ порача дека не било лесно да обезбедат вакцини и додаде дека ќе продолжат да се грижат за Северна Македонија и за Западен Балкан.
-Ова е добар ден за Западен Балкан и мора да биде прекрасен ден за Северна Македонија. Конечно успеавме да обезбедиме вакцини. Ова не беше лесно и работевме многу со австриската влада за ова да се случи и да ви покажеме дека се грижиме. Ќе продолжиме да се грижиме за Северна Македонија и за Западен Балкан. Се надеваме дека ќе успееме и да ви помогнеме и да ја завршите вакцинацијата. Ова е подарок за нацијата на Северна Македонија за да победи пандемијата што е можно побрзо. Се надевам дека сите ќе се вакцинираат брзо и дека во првите два месеци целиот здравствен персонал ќе се вакцинира, рече Вархеји.