Вархеји во посета на Софија, ветото од Бугарија една од темите

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи ќе престојува во посета на Бугарија, соопшти Европската комисија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, за време на посетата се планирани средби со претседателот на Бугарија Румен Радев и министерот за надворешни работи Светлан Стоев.

Како што пренесуваат повеќето бугарски електронски медиуми, не се објавуваат детали за разговорите во Софија, но луѓе запознаени со посетата тврдат, како што додава Бугарското национално радио, дека тема на разговорите ќе биде ветото на Бугарија за почеток на разговорите со Македонија.

Сите водечки електронски медиуми во Бугарија известуваат за посетата на Европскиот комесар за проширување Оливер Верхеи.

Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, ова е втора посета на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи на Бугарија, откако на 21 мај заедно со португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантос Силва одржаа повеќе средби со цисоки бугарски претставници.