Вархеи: ЕУ и Западен Балкан со зајакнати односи во време на пандемијата

Комесарот за проширување Оливер Вархеи проценува дека ЕУ и Западен Балкан со зајакнати односи излегуваат од кризата со Ковид-19.

Говорејќи за поддршката на ЕУ за Западен Балкан во борбата против Ковид-19, Вархеи нагласи дека давањето помош не е трка, туку смислен и корисен чин.

„Излегувајќи од кризата, нашите односи со регионот се засилуваат, а партнерите се чувствуваат повеќе поврзани со ЕУ“, напиша комесарот на својот профил на Твитер.

По самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, комесарот за проширување истакна дека завршната декларација од самитот потврдува дека поддршката и соработката што ЕУ ја има со регионот „далеку го надминува она што другите партнери можат да обезбедат“.

„Тоа е реченица поддржана од сите лидери на ЕУ27, но и од лидерите од Западен Балкан“, нагласува тој.