Варшава и Лондон сега против испораки на борбени авион на Киев

Полска во вторникот соопшти дека не се водат преговори за испраќање на борбените авиони од американско производство „F-16“ за Украина, а ниту Велика Британија не верува дека тоа би било практично, пренесуваат агенциите,.

Според изјавите од понеделникот на францускиот претседател Емануел Макрон и на полскиот премиер Матеуш Мазовјецки кај европските сојузници на Украина преовладуваше расположението да се разгледаат испораките на напредните борбени авиони од четвртата генерација, како што бара Киев. И двајцата искажаа расположеност за таквата можност во координација со сојузниците во НАТО. Но откако американскиот претседател Џо Бајден кусо и одречно одговори на прашањето на оваа тема, се чини и дека се менува и расположението во европските престолнини.

Можното испраќање на полските борбени авиони од американско производство од моделот „F-16“, од кои Полска поседува 48 летала, за Украина не е тема на „официјални разговори“, изјави во вторникот заменикот на министерот за одбрана Војчех Скуркиевич, пренесува AFP.

„Засега не постојат службени преговори за испраќање на полските F-16 на Украина. Тоа прашење не постои“, го цитира агенцијата Скуркиевич.

Берлин категорички претходно го отфрли секое испраќање борбени авиони за Киев. Во Велика Британија, пак, оценија дека тоа не би било практично.

„Британските борбени авиони се многу софистицирани и потребни се месеци за да се научи да се лета со нив. Имајќи го предвид тоа, веруваме дека не е практично да се испраќаат тие авиони во Украина. Ќе продолжиме да разговараме со напите сојузници за пристапот за кој мислиме дека е исправен“, го цитира агенцијата Reuters портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак.