Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во интервју за локално радио го постави 30 јуни како краен рок за постигнување спогодба со кредиторите, пренесува МИА.
Изјавата на Варуфакис не е во согласност со проценките на еврозоната, чии членки сметаат дека доколку се постигне спогодба, таа од европските парламенти треба да биде ратификувана пред 30 јуни.
Во врска со преговорите со кредиторите Варуфакис истакна дека тие се водат во повеќе аспекти и на највисоко ниво, на ниво на Бриселската група, како и на ниво на институции.
– Тоа се уникатно сложени преговори, кои секојдневно генерираат материјал. Единственото нешто кое можам да го кажам е дека се во тек, додаде грчкиот министер за финансии.
На прашањето колку двете страни се блиску до спогодба тој одговори дека тие се блуску до она што е неопходно за финализирање на конечната оценка.
Варуфакис појасни дека крајниот датум за постигнување спогодба е 30 јуни, кога истекува продолжената спасувачка програма за Грција.