Поранешниот грчки министер за финансии и „гуру” на економските антиглобалисти, Јанис Варуфакис ја повика Германија да не се обврзува да ја зачува еврозоната по секоја цена, на трибина на баварскиот „IFO“ инситут.
Германија не мора и не треба да плати за да се спаси еврозоната. Се покажа дека ниту Германија не е доволно богата за да го спаси еврото на долг рок. Идејата за ова не е само погрешна, туку и потенцијално опасна. Треба да се направи разлика меѓу структурните проблеми во еврозоната и прекумерната амбиција и ревноста на политичката класа која управува со процесите, рече Варуфакис, потенцирајќи ја актуелната политичка криза во Италија, како уште една последица на кризата во еврозоната.
Коментирајќи ја кризата во Италија Варуфакис рече дека земјите членки на ЕУ, кои како Италија се оптоварени со долгови, се лишени од можноста за девалвација на националната валута за да ја задржат својата меѓународна конкурентност.
Тоа е причината зошто земји како Италија се осудени на јавна потрошувачка финансирана од јавниот долг за да се задржи животниот стандард на граѓаните и економската активност, смета Варуфакис, потсетувајќи дека во Грција намалувањето на јавната потрошувачка под притисок на јавниот долг доведе до намалување на платите од 40 отсто со познатите последици.
Варуфакис верува дека распадот на еврозоната е во корист на периферните членки на Европската Унија кои во сегашните услови не можат да го решат прашањето на своите долгови без големи социјални и политички тензии.
Бруталните и не секогаш успешните напори за реструктуирање на долгот доведоа до раст на популизмот и антиевропски опции низ цела Европа. Ова го објавив во 2015 година, жал ми е што бев во право, предупреди Варуфакис.
Тој потенцираше дека владата на Грција, чиј дел бил, значително се разликува од владите на другите земји-членки на ЕУ, кои се нарекуваат како анти-европски и оние кои се против фискалната и монетарната унија.
Ние бевме убедени Европјани, тврдевме и докажувавме дека еврозоната е грешка која треба да се исправи. Денеска на власт во Европа се многумина кои не само што не веруваат во Европа, туку се работат таа да се раздели- додае Варуфакис.
Поранешниот грчки министер за финансии за време на должничката криза во Грција, меѓу членките на Унијата, кои имаат слични проблеми како Италија и Грција, се Шпанија, Португалија и Ирска. Коментирајќи го решението на Ирска која станала даночен рај во Унијата, Варуфакис тврди дека Ирска им дава можност на американските компании за „слободно јавање на Европа“.
Имате две Ирски, тоа е поделено општество. Старата Ирска живее како пред десет години, новата се приклучи на оф-шор економијата, заклучи Варуфакис.
Осврнувајќи се на трговската војна која ја најави американскиот претседател Доналд Трамп, а делумно веќе ја спроведе кон Европа, Варуфакис изрази уверување дека во оценките на Трамп за ова прашање, многу лесно се потценуваат намерите на претседателот на САД.
За разлика од некои други идеи и потези со кои Трамп неумесно влегува во меѓународните односи, американскиот претседател се разбира во трговијата и знае дека на долг рок не може да се изгуби во трговска војна со Германија и Италија, кои генерираат значителен трговски суфицит со САД. Тремап не е глуп, смета Варуфакис.