Варуфакис: Нема да бидам во Парламентот, кога ќе се гласа за новиот предлог

Варуфакис: Нема да бидам во Парламентот, кога ќе се гласа за новиот предлог

Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис преку социјалната мрежа Твитер информира дека вечерва нема да присуствува во Грчкиот парламент каде најновиот грчки пакет реформски мерки треба да биде ставен на гласање, пишува Грик рипортер.

Исто така, нагласи дека информацијата ја објавува на Твитер со цел да нема шпекулации.

Варуфакис во целост го поддржува предлогот на новиот министер за финансии Евклид Цакалотос, посебно за прашањето на грчкиот долг.

Претходно тој за медиумите изјави:

– Потребна ни е голема посветеност од страна на кредиторите во однос на грчкиот долг, во спротивно Јункер ќе не изневери, како што направи со Венизелос.

Грчкиот предлог за реформи и мерки беше претставен пред парламентот во земјата и се очекува во текот на денешниот ден тој да биде ставен на гласање.