Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден не одобрила, ниту дала поддршка за тајните состаноци на поранешни функционери на агенциите за национална безбедност со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за можни преговори за запирање на војната во Украина, соопшти Белата куќа.
Американската телевизиска мрежа NBC News извести дека поранешни американски високи функционери се сретнале во април годинава во Њујорк со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, заедно со поранешниот американски дипломат и претседател на Советот за надвворешни доноси на заминување Ричард Хас и двајца советници од Белата куќа.
Не е јасно колку често групата, во којашто биле и поранешни високи функционери на Пентагон, одржувала разговори со други влијателни руски функционери и личности за коишто се претпоставува дека се блиски на Кремљ, извести NBC News. Најмалку еден член на неидентификуваната група патувал во Русија, се додава во прилогот на телевизијата.
„Администрацијата на Бајден не ги одобрила тие разговори. А, како што веќе рековме, за Украина нема да разговараме без Украина“, изјавил портпарол на американскиот Стејт департмент за агенцијата Reuters.
Портпаролот притоа алудирал на политиката на сегашната администрација да не разговара за можност за преговори за завршување на војната без вклучување на украинските функционери, пишува агенцијата.
Додал дека администрацијата на претседателот Бајден ќе продолжи да му доставува оружје на Киев за украинските функционери „да би можеле да преговараат од силни позиции кога ќе оценат дека дошол вистинскиот момент“ за тоа.
Портпарлот, односно советник за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави во интервјуто за мрежата CBS News дека Белата куќа знае за неофицијалните разговори.
„Но сакам јасно да кажам дека ние тие разговори не ги охрабруваме, ниту ги поттикнуваме, како и дека во нив на ниеден начин не учествуваме. Како што рече претседателот (Бајден), за Украина нема да разговараме без Украина“, рече Кирби.
NBC News, повикувајќи се на шест лица, извести дека целта на преговорите била да се постават основи за можни преговори за завршување на војната којашто избувна со руската инвазија во Украина кон крајот на февраури 2022 година.
Телевизијата цитираше два извора кои рекле дека администрацијата знае дека разговорите се одржуваат, но не по нејзини упатства, како и дека поранешниот функционери кои се сретнале со Лавров за тоа подоцна ја известиле Белата куќа.