Вашингтон го критикува состанокот на Путин и Кси

Американската влада го критикуваше состанокот меѓу руските претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега по должност Кси Џинпинг на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС – SCO) во узбекистански Самарканд.

„Сега не би требало да се работи со господин Путин како претходно, имајќи го предвид тоа што го стори во Украина. Целиот свет би требало да се спротистави на тоа што господин Путин го права“, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Очигледно Вашингтон реагира на изјавите на двајцата челници. Путин ги осуди обидите на Западот да го наметне „еднополарниот свет според своите правила“, а Кси порача дека Кина сака да ја преземе својата улога на „голема сила“ заедно со Русија.

Кирби предупреди дека „Кина мора да одлучи“. Иако го има предвид тоа што Кина не ја осудила руската инвазија, изјави и дека Кина„ ниту ја даде својата поддршка“ на Русија.

Кинезите „не одлучија ниту да ги прекршат санкциите ниту материјално да му помогнат на господин Путин“. Состанокот на двата претседатела му е поважен на Путин. „имајќи предвид дека тој е под притисок во Украина“, додаде Кирби, во изјавата којашто повеќе звучи како тешење во Вашингтон и обид за минимизирање на изјавите кои сигнализираат дополнително приближување на Москва и Пекинг.

Кирби притоа не се задржа на односите меѓу САД и Кина, особено по гневните реакции на Пекинг поради посетите на неколку делегации високи американски функционери на Тајван, кој го смета за одметната кинеска покраина, а Вашингтон во меѓувреме во согласност со својата доктрина да го брани Тајван донесе одлука за испораки на оружје на спорниот остров.