Вашингтон и Пекинг ги смируваат тензиите – Кина и САД не сакаат конфликт

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјавил дека неговата земја е подготвена да соработува со Соединетите американски држави за добробит на двете држави, објави кинескиот државен медиумски сервис ЧТВ, пренесува НетПрес.

На седница на Националниот комитет на тема односите меѓу Кина и САД, Си оценил дека двете земји, како големи светски сили, треба да ја зајакнат комуникацијата и соработката за да обезбедат стабилност во светот, пренесува „Ројтерс“.

До влошување на односите меѓу Пекинг и Вашингтон дојде откако Русија воено ја нападна Украина, и откако високи американски политички функционери беа во посета на Тајван во август, годинава.

Кина тогаш објави дека САД испраќаат „опасни сигнали“ во однос на прашањато за Тајван, кој Пекинг го смета за свој и не ја признава неговата независност. Кинескиот претседател неодамна изјави дека Кина, ако биде потребно, никогаш нема да се откаже од употреба на сила во случајот со Тајван.

Американскиот претседател Џозеф Бајден, пак, во средата соопшти дека САД не сакаат конфликт со Кина.