САД и Кина се договорија да укинат одедени меѓусебни санкции, како прв дел од фазата за постигнување на договор за завршување на трговската војна меѓу двете најголеми светски економии, потврди американско официјално лице, а пренесе „Ројтерс“.
Според информациите на „Њујорк тајмс“, Пекинг го зацврстил ставот дека никаков договор не може да биде постигнат ако секоја од страните не ункине бар некои санкции.
Гао Фенг, портпарол на кинеското Министерство за трговија, рече дека САД се согласиле дека било каков договор мора да вклучи и намалување на санкциите од двете страни.
– Во изминатите две недели лидерите на двете страни имаа сериозни и конструктивни разговори за тоа како на вистински начин да намалат загриженостите на двете земји и се согласија на укинување на санкциите по фази, во склад со напредокот на договорот – рече Гао.