Американскиот државен секретар Џон Кери ја критикуваше Русија за поддршката што ја пружа на режимот на Башар ал Асад, пишува „Независимаја газета“.
„Москва испорачува оружје на Дамаск, затоа и напорите за изнаоѓање дипломатско решение на конфликтот се уриваат“, истакнал Кери.
Според податоците на американскиот државен секретар Иран и либанското шиитско движење Хезболах, исто така ја зголемија поддршката за сирискиот режим.
Сето ова ја зајакнува власта на Асад и ги сведува на нула напорите на меѓународната мировна конференција Женева-2.