![–í—Å—Ç—Ä–µ—á–∞ –∏–∑–±—Ä–∞–Ω–Ω–æ–≥–æ –ø—Ä–µ–∑–∏–¥–µ–Ω—Ç–∞ –£–∫—Ä–∞–∏–Ω—ã –ü.–ü–æ—Ä–æ—à–µ–Ω–∫–æ –∏ –ø—Ä–µ–∑–∏–¥–µ–Ω—Ç–∞ –°–®–ê –ë.–û–±–∞–º—ã](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/porosheko_ruka_obama.jpg?resize=400%2C300&ssl=1)
Украинскиот претседател, Петро Порошенко соопшти денеска дека САД на Киев ќе и даде финансиска гаранција од милијарда долари за собирање на средства за пазарен капитал.
„Со претседателот Барак Обама договорено е Украина да добие милијарда долари како финансиска гаранција“, објави Порошенко на Твитер.
Тој ова го објави по посетата на Вашингтон каде осигура помош од 53 милиони долари, но не го убедил Америка да и достави на Украина огружје за борба против проруските сили на истокот од земјата.
Украина во првата половина од оваа година позајми милијарда долари за пазарен капитал благодарение на сличната гаранција од САД.