Вашингтон очекува нови напади во Ирак

САД очекуваат во Ирак нови напади од шиитската милиција која ја сметаат за сојузник на Иран кој поради тоа „веројатно ќе зажали“, изјави во четвртокот челникот на Пентагон, Марк Еспер, по нападот на американската амбасада во Багдад по американското бомбардирања врз бази во Ирак и Сирија во кои загинаа 25 шиитски борци што Вашингтон го објасни како одмазда за претходен напад во Киркук во кој загина еден Американец.

„Провокациите траат со месеци. Мислам дека тие нешто ќе сторат. Да, и веројатно ќе зажалат поради тоа. Подготвени сме да се одбраниме и подготвени сме да спречиме нови нездрави однесувања на тие групи, кои ги води и финансира Иран“, изјави американскиот министер за одбрана Марк Еспер пред новинарите.

Доколку САД имаат сознанија за подготовка на такви напади „ќе преземеме превентивни мерки поради заштита на американските сили и американските животи“, заклучи Еспер.

Началникот на главниот штаб на американсата армија, генералот Марк Мили, истакна дека американската амбасада во Багдад е добро заштитена. Демонстрантите предизвикаа внимание, но „ние сме потполно сигурни дека амбасадата е безбедна и тешко дека некој би можел да упадне во него“.

Шиитските демонстранти во вторникот ја нападнаа американската амбасада во Багдад протестирајќи против американските напади врз позициите на шиитската милиција Бригадата Хезболах која имаше водечка улога во ирачката доброволечка коалиција која се бореше против џихадистичката организација Исламска држава. Вашингтон ја обвинува оваа фракција за ракетниот напад од минатиот петок врз базата во Куркук, во кој загина еден цивил Американец со договор со војската, а уште четворица војници беа ранети.

Големиот комплекс на амбасадата на САД е изграден крај брегот на реката Тигрис во центарот на Багдад, во утврдената ткн Зелана зона, по американската инвазија од 2003 година и уривањето на режимот на сунитскиот диктатор Садам Хусеин. Таа е најголемата американска дипломатска мисија во светот. Вашингтон потврди дека дипломатите се на безбедно и во регионот итно испратија дополнителен број војници, од кои сто маринци задолжени за безбедноста на амбасадата.